Претседателот на Советот на општина Берово и кандидат за градоначалник на Берово од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “Твоја Македонија” Петар Ружински со своја лична порака упатена преку социјалните мрежи денеска го честиташе 11 Октомври- Денот на востанието на Македонскиот народ.
“Го чествуваме 11 Октомври, денот кога започна борбата за слобода.
Се поклонуваме пред жртвата на нашите херои. Нивната борба за праведна и слободна држава е наш вечен завет и инспирација.
Денес, нашата борба е поинаква, но целта е иста, да изградиме просперитетна и достоинствена иднина за сите граѓани, овде, во нашата татковина.
Нека ни е честит и вековит празникот! ![]()
#11Октомври#ЗаТвојатаИднина#ТвоетоМесто#ВистинскиотИзбор“
-напиша на социјалните мрежи Петар Ружински од ВМРО-ДПМНЕ.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ПОВИК ЗА МЛАДИ: БЕСПЛАТНО УЧЕСТВО НА CASSINI SPACE CAMP
Делчево- единствената општина од регионот која го доби престижното признание “Младински пријателски град”
Спортските здруженија да достават извештаи за искористените буџетски средства до 25 ноември