Кандидатот за градоначалник на општина Чешиново-Облешево од ВМРО-ДПМНЕ Јорданчо Костадинов преку социјалните мрежи афирмираше уште еден значаен проект од својата предиборна програма.
“Со јасна визија и конкретен план, започнуваме проект за изградба и уредување на пешачка, велосипедска и мото-крос патека, која ќе го поврзе с. Спанчево со локалитетот Свиланово – светото место на загинување на револуционерот Никола Карев
.
Ќе се изгради и обележи велосипедска патека со должина од околу 4 километри, низ живописни предели и природни убавини.
Патеката ќе биде безбедна, современо уредена и достапна за сите љубители на спорт, рекреација и адреналин.
Овој проект ќе отвори нови можности за локалниот туризам, ќе ги поттикне спортските клубови и младите, а воедно ќе биде магнет за туристи од земјата и странство. ![]()
Со работа, план и посветеност, ќе ја претвориме природата во наш најголем потенцијал.
За нов развој, за нови инвестиции, за поубава и жива општина!
-напиша на социјалните мрежи Јорданчо Костадинов.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Товарно возило удрило во мопед на магистралниот пат Штип-Делчево
Во ритамот на пијаното – најава за концерт на младата пијанистка Јулијана Јанев во Кочани
Експлозија на ел. бојлер во викенд куќа во Равна Река, пехчевско причина за повреда на 42 гидишна жена од Штип