Основното јавно обвинителство Битола денеска поведе истрага и предложи мерка притвор за продолжено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик против 33-годишна битолчанка, која во периодот од 3 март до 25 октомври годинава неовластено држела и продавала наркотична дрога марихуана.
Помали пакувања од дрогата, во неколку наврати оставала на надворешниот дел од ѕидна ограда од станбен објект, од каде ја подигнувале купувачи. При претрес во домот на осомничената полицијата пронашла 13 зипер ќесички марихуана подготвени за натамошна неовластена продажба со вкупна маса од околу 20 грама, како и три дигитални ваги со траги од марихуана и кокаин.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничената поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и ризикот дека ќе го повторува делото.
Извор: ЈОРМ

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист