Граѓанската организација “Еднаквост” (Equality) е Здружение за активно вклучување и соодветен третман на лицата со попреченост чии што активисти тековно реализираат повеќе активности во рамки на нивниот делокруг на работа.
Ова здружение тековно спроведува патувачка изложба која што има за цел подобрување на инклузивноста на лицата со попреченост во јавниот живот во нашето општество.
“На 6 ноември, во 12:30 часот, во Центарот за култура „Никола Јонков Вапцаров“ – Фоаје на Спомен Дом „АСНОМ“ во Делчево ќе биде отворена патувачката изложба „Живеј со стил – поддржи различности“, во организација на Здружението Икуалити.
32 портрети на лица со попреченост кои ќе ни ги пренесат своите уникатни способности и животни мисии, рушејќи ги меѓучовечките ѕидови преку објективот.
Серијата изложби е културен проект, поддржан од Министерството за култура и туризам, со мисија да ја промени перцепцијата на општеството за лицата со попреченост, кои од набљудувачи се преобразуваат во иницијатори на општествената интеграција, позитивните промени и високите човекови вредности.
Изложбата ќе биде отворена за сите посетители од 6 ноември во просториите на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Фоаје на Спомен Дом „АСНОМ“.
Принт партнер: Кома Дизајн студио,”
-стои во соопштението упатено до јавноста од страна на организаторите.
За настанот свое соопштение во јавноста упатија и од НУЦК “Н.Ј. Вапцаров” Делчево кои се партнери кои обезбедуваат логистика за реализацијата на настанот.
“Во срцето на Делчево, уметноста повторно стана глас на различностите.
НУЦК „Никола Јонков Вапцаров” е дом на приказните, соништата и талентите на 32 исклучителни личности со попреченост.
Секое дело зборува за сила, верба и убавината што ја носи различноста.
Изложбата „Живеј со стил – поддржи различности” продолжува да патува и да не потсетува дека прифаќањето и љубовта се најголемите уметности на човекот.
Да го гледаме светот со отворено срце и со стил што инспирира!”
-стои во соопштението на центарот за култура од Делчево.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево