Денеска во Штип се одржа првата конститутивна седница на Советот на градоначалници на Источен плански регион.
На седницата за прв Претседавач на Советот на градоначалници е избран градоначалникот на општина Пробиштип Тони Тоневски.
Во врска со седницата свое соопштение во јавноста упати Директорот на ЦРИПР Трајче Здравков:
“Денес се одржа конститутивната седница на Советот за развој на Источен плански регион, на која официјално беше потврден мандатот на градоначалниците од регионот.
За претседател на советот едногласно беше избран градоначалникот на Општина Пробиштип Toni Tonevski кој ја потврди заложбата за зајакнување на регионалната соработка, како и подготовка на нови иницијативи кои ќе донесат реализација на проекти од интерес на граѓаните на Источниот регион.”

Градоначалникот на Пробиштип во врска со назначувањето на оваа позиција соопшти:
“Денес, на седницата на Советот за развој на Источниот плански регион, со едногласна поддршка бев избран за Претседател на Советот.
Искажувам искрена благодарност за довербата и поддршката од сите градоначалници на општините во регионот.
Нашата заедничка мисија е обезбедување рамномерен регионален развој и реализација на значајни проекти кои ќе донесат вистински бенефит за сите жители на Источниот плански регион.”

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Манифестацијата “Пијанечки денови на сливата 2026“, познатата „Сливијада“ утре во село Град доживува нова енергија за развој
Учениците на СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица го посетија Спомен домот на Разловечкото востание во село Разловци
Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа