Денеска градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски го предаде во употреба новиот објект на детската градинка “Весели Цветови” во Делчево на директорката на оваа институција Виолета Гиздовска.
Во врска со овој чин градоначалникот Гоцевски упати свое соопштение во јавноста:
“Откако претходно на седница на Совет на Општина Делчево беше донесена Одлука за давање на трајно користење на недвижна ствар Детска градинка во Општина Делчево на општинската јавна установа за деца-детска градинка „Весели цветови“ денес и официјално ги предадовме клучевите од новата градинката на директорката Виолета Гиздовска.
Воедно извршивме увид во тековните работи за уредување на просторот околу детската градинка. Моментално се врши партерно уредување на просторот околу градинката при што е предвидено да се постави заштитна ограда, ќе изградиме пристапна патека од паркингот до градинката, а обезбедена е техничка документација за реконструкција на улицата М.Х. Јасмин која минува над градинката со изградба на тротоари.
Во новата детска градинка предвидено е да се згрижуваат 130 дечиња, односно шест групи со деца на возраст од две до пет години и две јаслени групи.”
-напиша на социјалните мрежи градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Манифестацијата “Пијанечки денови на сливата 2026“, познатата „Сливијада“ утре во село Град доживува нова енергија за развој
Учениците на СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица го посетија Спомен домот на Разловечкото востание во село Разловци
Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа