БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Најава за дводневно одбележување на 3 Декември- Светски ден на лицата со попреченост од страна на општина Делчево

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

По повод 3 Декември, Светскиот ден на лицата со попреченост Општина Делчево Ве поканува заедно да  придонесеме за достојно одбележување на Деновите на хуманост во Делчево. Целта на настаните е да градиме заедница со еднакви можности а со тоа да ја подигнеме јавната свест за солидарност, хуманост, емпатија и почитување на различностите.

Во рамки на програмата ќе се реализира следното:

02.12.2025 година (вторник)

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

9.00 часот – ликовна работилница во ликовното атеље „Љубомир Белогаски“ при

НУЦК „Н.Ј.Вапцаров“ Делчево,

13.00 часот – детско кино во кино салата во Делчево

03.12.2025 година (среда)

10.00 часот – еднодневен саем на книги – „Сакам книги“ во организација на

ЈЛБ „ИЛИНДЕН“ Делчево,

10.30 часот – промоција на инклузивна „Куќичка на надежта“ (градски парк),

11.30 часот – промоција на социјалното претпријатие „ИНТЕГРА“ (стара касарна )

Организатори на Програмата:

ОПШТИНА   ДЕЛЧЕВО

ЈЛБ „Илинден “Делчево

НУЦК „Н.Ј.Вапцаров“ Делчево

Совет на млади на Општина Делчево

Комисија за еднакви можности

ЗГ „Бравура кооператива“

ОО Црвен крст Делчево

Клуб на активизам

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace