БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Адријана И. Велковски: Катастрофалната состојба со која живееја делчевчани со години денеска можеше да се види во Извештајот за работа на ЈКП “Брегалница” Делчево

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска на прес конференција од Советот на општина Делчево Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата “Твоја Македонија” координаторката Андријана И. Велковски ја алармираше јавноста за катастрофалниот лош извештај за работата на ЈКП “Брегалница” Делчево за 2024 година, кој што се најде пред делчевските советници на денешната седница на Советот со цела една година задоцнување.

“Почитувани сограѓани, почитувани медиуми Тоа што со години можеа да го видат граѓаните на Делчево преку катастрофалното работење на Јавното комунално претпријатие Брегалница Делчево, денес во форма на извештај дојде на разгледување пред Советот на општина Делчево. Со задоцнување од една година ЈКП “Брегалница” Делчево поднесува извештај за НЕработата и уште полошо за штетното работење во 2024 година. Секторското работење на комуналното претпријатие во Делчево е руинирано и деградирано до таа мера што веќе сериозно е загрозена природата на постоење на ова претпријатие. Во кој дел да се погледне од извештајот евидентни се катастрофални состојби: -дали станува збор за техничко-кадровата екипираност, -дали станува збор за нормативно-правното работење, -дали станува збор за финансиско-материјалното работење, ЈКП Брегалница Делчево е доведена на раб на пропаст во целокупното работење. Ваквата состојба целокупната јавност во Делчево можеше да ја осети и види на најлош можен начин изминатите години. Поради сите овие причини Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ гласаше против донесувањето на Одлуката за усвојување на Извештај за работата на ЈКП „Брегалница“-Делчево за 2024 година Оваа затекната состојба е сериозен предизвик за новата локална власт, за што како советници од ВМРО-ДПМНЕ ќе вршиме постојан надзор на работењето на ЈКП “Брегалница” Делчево во рамки на нашите ингеренции, со цел во најкус можен рок граѓаните на Делчево да добијат квалитетни комунални услуги во периодот кој претстои.”

-рече денеска на прес конференцијата Адријана И Велковски- Координаторка на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата “Твоја Македонија” во Советот на Општина Делчево

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace