Отако беше сериозно оштетен локалниот пат во село Истибања при неодамнешните поројни дождови, работни екипи по насока на градоначалникот Митко Костадиновски веднаш пристапија кон приспособување на истиот за користење од страна на граѓаните кои гравитираат кон овој дел на општината.
“На барање на жители во село Истибања со градежна механизација го санираме патот кој беше во лоша состојба како резултат на поројните дождови изминатите 2 недели.
Истиот ќе биде асфалтиран откако ќе се заврши со уредувањето на Кајанечки дол, проект на кој исто така направивме увид и кој повторно започна да се работи откако дозволија временските услови.”
-напиша на социјалните мрежи градоначалникот на Виница Митко Костадиновски


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Шеикот Венко од Емиратите: Сепак претседателот на СДСМ има златна виза како менаџер и инвеститор во Обединетите Арапски Емирати
Божиновска од UNECE Resource Management Week 2026: Одлучни политики, силни инвестиции и меѓународна соработка за одржлива енергетска иднина
Петрушевски: Левица смета дека РЕК Битола треба да се затвори и 3000 битолчани да останат без работа, а тоа значи дека автоматски се залага и домаќинствата да плаќаат до 30% повисока цена