Министерот за здравство Азир Алиу, заедно со претседателот на проф. д-р Владата, Христијан Мицкоски и д-р Аким Али, шеф на Канцеларијата на СЗО во нашата држава, денес потпишаа петгодишна Стратегија за соработка меѓу Владата и СЗО 2026–2030 година. На настанот со онлајн вклучување се обрати и директорот на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге.
-Денешниот ден отвора ново поглавје во соработката со Светската здравствена организација, заеднички ја потпишавме нашата прва петгодишна Стратегија за соработка – документ кој е создаден заедно со сите институции и партнери и кој ќе ги насочи реформите во здравството до 2030 година. Стратегијата се фокусира на модернизација на примарната здравствена заштита, целосна дигитална трансформација, унапредување на здравствената заштита на мајките и децата, еколошкото здравје и климатската отпорност, согласно „зелената агенда“ на Владата. Исто така со оваа стратегија е опфатена и заштитата на ранливите групи, планирање на човечки ресурси во здравството, јавното здравје, здравствената безбедност и подобра подготвеност при кризни состојби. Стратегијата ни овозможува јасен план, партнерство и поддршка за заедничко реализирање на клучните реформи, посочи по потпишувањето министерот Алиу
Тој ја истакна одличната меѓусекторска соработка и поддршката од другите сектори. Оваа Стратегија го обединува целиот владин систем околу целите за здравје и благосостојба на населението.
-Посебно сакам да се заблагодарам на СЗО и на сите министерства и партнери за нивниот придонес. Со оваа Стратегија го поставуваме темелот за посилно, помодерно и поправедно здравство за сите граѓани. Сето ова е симболична потврда на силната политичка волја, националната посветеност, и партнерството меѓу Владата и СЗО за спроведување на клучните здравствени реформи, истакна Алиу.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Шеикот Венко од Емиратите: Сепак претседателот на СДСМ има златна виза како менаџер и инвеститор во Обединетите Арапски Емирати
Божиновска од UNECE Resource Management Week 2026: Одлучни политики, силни инвестиции и меѓународна соработка за одржлива енергетска иднина
Петрушевски: Левица смета дека РЕК Битола треба да се затвори и 3000 битолчани да останат без работа, а тоа значи дека автоматски се залага и домаќинствата да плаќаат до 30% повисока цена