Центарот за нега на стари лица во Кочани ќе продолжи да работи и во 2026 година. Градоначалникот Владко Грозданов и екипи од Општина Кочани и од провајдерот на услугите, Општинската организација на Црвен крст – Кочани посетија двајца од 50-те корисници на услугата.
– Од посетата на корисниците на услугите видовме дека тие се задоволни што има кој да им помогне за извршување на основни дневни потреби, храна, лична и домашна хигиена и нега. Ќе настојуваме преку Министерството за социјална политика да добиеме проширување на бројот на негувателите – истакна градоначалникот Грозданов.
Центарот функционира од февруари 2022 година и е значајна помош на болни, немоќни и осамени стари лица. На листата на чекање за оваа услуга се триесетина лица, а негувателите се обучени, со сертификат за нега на стари лица.
Средствата за реализација на оваа услуга ги обезбедува Министерството за социјална политика, Центарот за социјални работи Кочани ги издава решенијата за давање на услугата, а Општина Кочани учествува со обезбедени просторни и технички услови за реализација.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево