Македонскиот Премиер Христијан Мицкоски заедно со владина делегација во наредните денови ќе биде дел од глобалниот економски форум во Давос од каде по пристигнувањето упати видео порака до јавноста:
“Придружуван од висока владина делегација ќе учествуваме на 56 годишен состанок на Светскиот економски форум (WEF) во Давос, Швајцарија.
Следните денови ќе имаме бројни состаноци коишто очекуваме значително да влијаат на подобрување на економската состојба и привлекување на голем број на инвестиции.
Учесник ќе бидам на три панели на коишто ќе ги презентирам можностите за инвестирање во Македонија, истовремено ќе оствариме и бројни билатерални средби со многу компании од светот.
Очекувам плодни резултати, успешни состаноци и успешна посета во Давос”
-напиша на социјалните мрежи Македонскиот премиер Мицкоски

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Зошто еден студент треба да носи потврда од една институција во друга, кога државата веќе го има податокот? Што значи да се служи на граѓаните во 21-виот век?
Николоски од Виенскиот економски форум: Економската соработка на регионот е потребна за заеднички пристап и посилна конкуренција на глобалниот пазар
Клековски: Преживувањето на предвреме родените деца е решено подобро од европскиот просек — сега редот е на превенцијата и на грижата по болницата