Она што беше долгогодишна потреба за граѓаните на селото Радање денеска доживеа целосна реализација. Учениците и вработените во подрачното училиште “Страшо Пинџур” во село Радање добија нови современи услови за спроведување на наставно- образовниот процес во објектот кој повеќе децении работеше со првичните просторни услови со кои бил ставен во употреба пред околу еден век постоење.
Важноста на имплементацијата на овој инфраструктурен проект беше препознаена од страна на Градоначалникот Виктор Паунов во чија што програма овој проект доби приоритет а денес и целосна реализација.
Реконструкцијата на објектот се реализираше со целосна финансиска конструкција на Општина Карбинци во износ од 9 милиони денари како дел од програмските определби на градоначалникот.
Симболичниот настан за пуштање во употреба на новото училиште беше направен во присуство на општествени дејци од страна на Градоначалникот Паунов кој што не го криеше своето лично задоволство од постигнатиот успех со реализацијата на овој проект.
“Денес село Радање добива ново модерно училиште! ![]()
После речиси еден век стара зграда денес го пуштивме во употреба новото училиште. Модерна, енергетско ефикасна зграда изградивме за учениците и наставниот кадар во подрачното училиште ,,Страшо Пинџур” во Радање.
Продолжуваме да вложуваме во образованието како никогаш до сега!
Честитки!
“
-напиша на социјалните мрежи градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов во врска со реализацијата на овој проект.
Важноста на проектот е огромна за околу 60 тина дечиња на возраст од прво до петто одделение кои со имплементацијата на енергетско-ефикасните мерки ќе добијат убава работна атмосфера а локалната самоуправа и училиштето заштеди кои ќе може да ги насочат во други убави и корисни проекти.
Општинската администрација под водство на Градоначалникот Паунов продолжува со несмалено темпо во реализацијата на предвидените проекти во интерес на сите жители во наредниот период.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Здружението на пензионери – Кочани одбележа 54 години од основањето
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!