БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Потенцијален инвеститор од Индија денеска беше брифиран од Градоначалникот Гоцевски за можностите за инвестиции во Делчево

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска во кабинетот на градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски имаше прием на потенцијален инвеститор од Индија дојден да ја посети општината и да се запознае со деловната клима и можности за развој на бизнис планови од обостран интерес на инвеститорите но и локалната заедница во Делчево.

Општина Делчево на чело со Градоначалникот Гоцевски кој беше долгогодишен успешен менаџер во локална компанија со широко интернационално портфолио, во својот врвен фокус го има развојот на локалната економија и подобрување на бизнис климата за приватниот сектор а преку тоа одржливо подобрување на животниот стандард на делчевчани.

Денес во кабинетот имав можност да бидам домаќин на г-дин Ашок Џеин- Директор на Кришна Ламикоут ПВТ Лимитед од Индија.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Средбата се реализираше по заедничка иницијатива на г-динот Џеин и претставници на локална приватна компанија од Делчево.
Разговаравме за можностите за инвестиции во Делчево, расположивите ресурси од секаков капацитет и дел околу законските рамки врз основа на кои би се реализирала потенцијалната соработка.

Восхитен сум од впечатоците и првите импресии кои што ги сподели г-динот Џеин во врска со убавините кои ги нуди нашата општина.

Го уверив нашиот гостин дека општина Делчево со целиот свој капацитет ќе биде ставена целосно во сервис на неговите потреби при потенцијални планови за инвестиции во Делчево.”

-напиша на социјалните мрежи Градоначалникот Гоцевски во врска со оваа средба.

.

Креирано од:


Пренеси го гласот