Денеска јавноста во Делчево можеше да забележи дека со оптимализација на сите расположиви капацитети општината успешно може да се справи со снежните наноси мкои наврнаа во изминатото деноноќие.
Со ефективно постапување кое следуваше по системска екипираност и детално планирање на спроведувањето на Оперативниот план за расчистување на сообраќајниците, тротоарите и јавните површини на територијата на општина Делчево, успешно беше овозможен непречен сообраќај и сообраќајна комуникација во градот Делчево и руралните населени места во општината.
Во врска со оваа успешно-воспоставена пракса со која граѓаните добиваат подобри услови во своето секојдневно живеење која дополнително ќе се развива во наредниот период, своја порака во јавноста упати Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски:
“Веднаш по појавата на врнежите на снег во текот на вчерашните попладневни часови, надлежните служби во општина Делчево се мобилизираа за спроведување на Оперативниот план за чистење на снежни наноси на сообраќајниците под ингеренции на локалната самоуправа.
Инспекторската служба е постојано на терен во увид на состојбата и обезбедува неопходна логистика за извршување на чистењето од страна на задолжениот економски оператор, согласно однапред утврдената приоретизација во Оперативниот план донесен од страна на општината.
Приватниот економски оператор постапува согласно предвидената динамика по утврдениот приоритетен план и веќе се исчистени улиците по прв приоритет. Активноста продолжува сукцесивно по останатите приоритети се до обезбедување на целосна нормализација на сообраќајните услови во градот и руралните населени места.
Екипите на ЈКП “Брегалница” Делчево постапуваат на терен согласно Програмата за работа за зимско одржување и веќе се исчистени тротоарите и јавните површини во централното градско подрачје.
Апелирам до сите сопственици на јавни деловни објекти и домување да си го исполнат својот законски придонес во чистењето на снегот и обезбедувањето на пристапност на нивните објекти во функција на поголема безбедност на сите граѓани.”
-напиша на социјалните мрежи Градоначалникот Гоцевски


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија