БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Успех на меѓународен план на наставниот кадар од ООУ ,,Страшо Пинџур” од Карбинци

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов во рамки на неговите политички определби а со цел за афирмација на локалните човечки капацитети со кои располага општината, реализираше работна средба со наставен кадар од ООУ ,,Страшо Пинџур” од Карбинци.

Средбата се реализираше со порака дека зад успехот на поединецот стои градоначалникот Паунов со сесрдна институционална поддршка за постигање уште поголеми успеси во наредниот период.

“Денес во мојот кабинет имав чест да ги примам наставничките Силвана Јакимовска Бинова и Јулијана Поповски, како и директорката Наталија Костова од ООУ ,,Страшо Пинџур” од Карбинци.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Повод за оваа посета е значајниот резултат на Силвана Јакимовска Бинова која е победник во категоријата Elementary School на Intel® Skills for Innovation & Genially Teacher Competition, меѓународен натпревар кој ги истакнува иновативните наставни практики и развојот на вештини за иднината. 🔭🧬

Голема е честа што нашето училиште и наставниот кадар е еден од најдобрите во државата.

Овој успешен тим веќе во месец Април ќе ја преставува Република Македонија на Европско тло во Република Литванија со своите иновативни научни трудови кои се изработувани заеднички со учениците.

Општина Карбинци ќе ги поддржи и покрие дел од потребите за наставниците од Карбинци.

Посакувам Европски награди за нашите репрезенти од Карбинци во Европа! 👩‍🏫

-напиша на социјалните мрежи Градоначалникот Виктор Паунов во врска со оваа средба.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace