Македонскиот Министер за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски денеска на пригоден настан го потпиша Протоколот за правила за потекло, како интегрален дел од Спогодбата за партнерство, трговија и соработка меѓу двете земји.
Со тоа се создаваат подобри услови за извоз и развој на домашната економија преку зголемена трговска размена како и подобрување на економската билатерална соработка со Обединетото Кралство.
✅ Создаваме услови за зголемен извоз, нови работни места, посилна економија и поголема сигурност за граѓаните, преку подобро позиционирање на македонската економија на еден од најзначајните европски пазари.
🇲🇰 🇬🇧 Заедно со амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Метју Лосон, денеска го потпишавме Протоколот за правила за потекло, како интегрален дел од Спогодбата за партнерство, трговија и соработка меѓу двете земји.
Со примената на проширената кумулација на потекло, значително се унапредуваат можностите за македонските извозници да користат преференцијален третман во трговијата со Обединетото Кралство. Ова е особено важно за секторите со сложени производни ланци и висок удел на материјали од Европската унија и земјите опфатени со ПЕМ-конвенцијата, како и во контекст на новите трговски односи на Обединетото Кралство по излегувањето од Европската унија.
-напиша на социјалните мрежи Македонскиот Министер Муцунски


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија