Позитивниот импакт кој што го има боречкиот спорт на локално ниво во општина Карбинци успешно се рефлектира на пошироко ниво во национални рамки.
Макотрпна повеќегодишна работа во континуитет наназад носи убави резултати за боречкиот клуб “Киро Ристов” кој што на највисоко државно ниво го афирмира спортот и потенцијалите на општина Карбинци.
Ваквата посветена и успешна работа е препознаена од општинската локална власт предводена од Градоначалникот Виктор Пауновкој што дееска имаше прием на членовите на клубот кои што со гордост ги афирмираат и бранат боите на општината.
“Денес имав чест во мојот кабинет да ги примам борачите и раководството од боречкиот клуб ,,Киро Ристов” од Карбинци по повод резултатите од државното првенство во борење.
Прво место
во борење во јуниорска категорија во женско борење и освоени вкупно девет медали е историски успех за еден млад клуб како ,,БК Киро Ристов”.
Општина Карбинци ќе продолжи и понатаму да и биде целосна поддршка на сите спортски афирматори во општината!
“
-напиша на социјалните мрежи во врска со овој состанок со борачите од боречкиот клуб “Киро Ристов” градоначалникот на Карбинци Виктор Паунов.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ПОВИК ЗА МЛАДИ: БЕСПЛАТНО УЧЕСТВО НА CASSINI SPACE CAMP
Делчево- единствената општина од регионот која го доби престижното признание “Младински пријателски град”
Спортските здруженија да достават извештаи за искористените буџетски средства до 25 ноември