БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Објавен конкурс за нови композиции фестивал “Бисер на Јадранот” 2026 – повик за пејачи, автори од Македонија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Регионалниот музички фестивал „Бисер Јадрана 2026“ официјално го отвори конкурсот за нови авторски композиции во категориите поп, забавна и медитеранска музика, нудејќи можност за нови хитови и голема сцена за изведувачите од целиот регион.

Конкурсот е отворен од 24-ти февруари до 24 мај 2026 година, а авторите и изведувачите треба да испратат демо верзија (mp3 формат) од својата песна, при што композициите мора да бидат целосно нови – односно претходно да не биле изведувани или објавени. Организаторите информираат дека селекционата комисија ќе ги извести сите пријавени автори дали нивната песна е прифатена најдоцна до 10-ти јуни 2026 година. Потоа избраните композиции ќе треба да ја достават финалната, аранжирана верзија на песната во master wav формат најдоцна до 1 јули.

Интересот за фестивалот секоја година расте, а годинава натпреварувачката вечер на 18-ти јули ќе обедини 24 изведувачи од земјите од поранешна Југославија – Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска, Македонија и Словенија. Организаторите најавуваат и директен телевизиски пренос, како и силна медиумска поддршка пред, за време и по фестивалот. За најдобрите песни се предвидени и вредни награди и фестивалски признанија.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Право на учество имаат сите автори и изведувачи од регионот постари од 18 години, а дозволени се и дуетски песни, вклучително и соработка помеѓу артисти од различни земји. За пријавување потребно е да се испрати демо снимка, името на изведувачот, називот на композицијата и имињата на авторите на e-mail адресата: biserjadranakonkurs@gmail.com

Доколку песната биде избрана, авторите треба да достават и биографија, две професионални фотографии, како и писмена потврда за авторството на музиката, текстот и аранжманот.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace