БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Општина Кочани беше домаќин на регионална посета и конференција за зајакнување на отпорноста на шумските пожари

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во периодот од 19 до 20 март 2026 година, Општина Кочани беше домаќин на регионална посета во рамките на проектот „Модели и алатки за зајакнување на отпорот и отпорноста на шумски пожари во природни заштитени подрачја и подрачјата што ги поврзува урбаната средина со природата – RES2FIRE“, финансиран од ЕУ-програмата Interreg IPA Adrion.

Во рамките на посетата, на 19 март 2026 година, во салата на Советот во Мултикултурниот центар во Кочани се одржа регионална конференција на тема „Анализа на отпорноста на екосистемите од ширење на пожари“.

Настанот го отвори претседателот на Советот на Општина Кочани, Александар Андов, а присутните дискутираа за развивање заеднички решенија, процедури и методологии за справување со ризикот од шумски пожари, со посебен фокус на заштитените подрачја. Проектот овозможува длабинско разбирање на ризикот од пожари и идентификација на екоодржливи мерки за намалување на бројот, обемот и сериозноста на штетите предизвикани од шумските пожари, како и за зголемување на отпорноста на екосистемите.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Покрај конференцијата, во рамките на регионалната посета се одржа и работен состанок меѓу партнерите, како и студиска посета на Територијалната противпожарна единица – Кочани, Доброволното противпожарно друштво – Кочани и заштитеното подрачје Осоговски Планини, со цел размена на практични искуства и добри практики во справување со шумски пожари.

Проектот RES2FIRE се имплементира во периодот од 1 јули 2024 до 30 јуни 2027 година, а водечки партнер е Центарот за интегрирана геоморфологија за Медитеранската област од Потенца, Италија. Партнери во проектот се организации од Грција, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Словенија и Северна Македонија. Општина Кочани е вклучена како проектен партнер, додека како асоцијативни партнери се јавуваат ЈП Национални шуми, како управувач на заштитеното подрачје Осоговски Планини, и Доброволното противпожарно друштво – Кочани.

 Конференцијата во Кочани претставува значаен чекор во зајакнувањето на регионалната соработка и размената на знаења за намалување на ризикот од шумски пожари и приспособување кон климатските промени. Претходно, слични настани се одржаа во Потенца – Италија, Бања Лука – Босна и Херцеговина и Тирана – Албанија.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace