БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Наезда на употребени кондоми и влажни марами ја сардиса општина Делчево речиси на сите скришни патишта за пристап кон градот и селата

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Општина Делчево на крајниот исток од државата важи(ше) за чиста и зелена општина која изобилува со богат растителен и животински свет кој што распределен на целата територија на општината претставува сериозен ресурс за развој на зелена локална економија и атрактивни гранки за развоја на туризмот.

Планината Голак и планината Влаина се едни од најживописните планини во овој дел од државата и пошироко кои заедно со од пред неколку години опожарената планина Средна го сочинуваат основниот планински масив на територијата на општината Делчево. Нивното богатство и раскош што ги нудат, многу малку беа искористени во минатото во функција на развојот на туризмот.

На потенцијалот за развој на различни видови на туризам ,се придодава и живописноста на реките Желевица и Брегалница кои што биле причина за развој на живот од памтивек.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во недостиг на видливи мерки за развој на туризмот, во оваа објава ќе истакнеме една состојба која иако можеби некој ќе ја доживее саркастично ,сепак во основа содржи информации и состојби кои во јавноста наметнуваат повеќе прашања вредни за јавно внимание.

На повеќе десетици полускриени и скриени локации на речиси сите пристапни патишта кон Делчево може да се забележат места на кои се гледаат расфрлани искористени кондоми и влажни марамици како и останати прикладни реквизити и остатоци…

Ваквите локации кои постојат со години наназад, во чаршијата се коментираат само во затворени кругови како легендарни места каде се постигнат современи “херојства” за кои се зборува долго потоа.

Овие мини депонии распространети насекаде низ општината освен што на поединци им служат за “добар провод” и се подлога за “романтични бајки” претставуваат сериозна закана за животната средина и потенцијалот за развој на одредени типови на туризам во општината за што е потребно надлежните служби од било кој вид во општина Делчево да превземат каква-таква мерка за надминување на состојбата и превенција за развој на оваа појава во иднина.

Па така можеби и локалните сместувачки капацитети ќе видат некој аир од постапувањето на овие служби.

Покрај еколошкиот аспект ваквите локации предизвикуваат и социолошки рефлексии во современиот јавен живот на семејствата во Делчево но се по изразено и во поширокиот регион, но ова состојба од непознати причини никако не е јавна тема на социјалните и останати надлежни служби.

Во очекување на сериозна волја на институциите за превенција на оваа состојба, апелираме на повеќе здрави општествени навики за благопријатно живеење во Делчево кое нема да биде изложено на потсмев и стигма на остатокот од државата.

Напомена: Текстот не е со намера да насмее туку да инспирира малку поинвентивни решенија за градење на препознатлив имиџ на општина Делчево на модерна општина а не само како општина за задоволување на нечии страсти.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace