Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата За или против на телевизија Алфа, каде се осврна на актуелната тема за укинување на техничката влада. Според него, оваа техничка влада е резултат на политички договори и не треба повеќе да постои, бидејќи ја нарушува демократијата. Тој смета дека власта треба да произлегува директно од волјата на граѓаните, а не од политички договори.
,,Предлогот за измени и дополнување за Законот за влада со којшто се врши соугласување со дел од новиот Закон за организација на државната управа и најважното, се укинува она што се нарекува пржинска влада или техничка влада, кое што беше договорено и е дел на политички договор влезе денеска во Собрание“, вели Лефков.
Лефков кажа дека потребно е да се стави крај на политичките пазари и преговори.
,,Тн. пржинска влада е дел на политички договор, а политиката редно време е да и користи на државата и државните инсититуции, а не да биде обратно. Волјата на граѓаните преку Собранието се рефелктира во Владата и таа влада е одговорна и кон граѓаните и одговорна за своите постаки“.
Според него, оваа техничка влада е дивоградба во самиот систем, каде политички преговори или ставови на политички партии и меѓусебни договори овозможуваат некој да заземе место и како што вели тој, на овој начин се искривува она што значи демократија и демократски процеси.
,,Гледаме сега и во јавноста и во медиумите, дека опозицијата, односно СДС се противи, се спротиставува лицемерно на ова решение, иако гласаа за потребата за овој предлог закон во Собрание“, рече Лефков и додаде:
,,Зошто е непотребната драма не знаеме, меѓутоа гледаме дека навистина им е тешко да се разделат со пржинската влада, иако немаат никаков основ. Ова Предлог законско решение за изменување на Законот за влада е предложено на начин на којшто се предвидува техничката влада, да функционира и за следните избори без разлика дали се редовни или предвремени“.
Лефков смета дека време е политиката да застане во улога на институциите и во улога на државата.
,, Постомонитогрингот за Македонија се укина, со што практично е признаена Македонија и македонската демократија како држава со стабилни институции и стабилна демократија и навистина е бесмислено да имаме еден ваков закон во кој политката се става над демократијата. Нивните ставови во овој момент се во насока на рушење или спротивствавувње на основните принципи на демократијата. Самото градење на ваква техничка, значи дека некој којшто не е избран од народот, не го претставува народот, не доаѓа од народот ќе седне во одредено министерско столче, и тој ќе може да гради одредени политики“, заклучи Лефков.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали се сретна со претседателот на ДИК, Бојан Маричиќ и потпретседателот Абдуш Демири
Обидите за дискредитација нема да ја промени реалноста дека СДС се соочува со сопствениот политички крај, а ВМРО-ДПМНЕ ја гради иднината
Филипче: Владата треба да им помогне на граѓаните со финансиски пакети