Вицепремиерот Николоски изјави дека Министерството за транспорт има одлична реализација на капиталните инвестиции, дури 74 % што покажува одлична динамика на изградба на капиталните проекти.
“ Оваа година сме на некаде 74 % реализација на капитални инвестиции. Ние за четири месеци сме на 74 % реализација што значи ни остануваат уште 26 % за останатите осум месеци. Ќе имаме ребаланс на буџетот, ќе замолам доколку може да имаме дополнителни средства за да реализираме нови проекти надвор од овие предвидените имајќи превид дека 3/4 од буџетот за капитални инвестиции го потрошивме. На ниво на Влада исто така бројката поминува над 36 % така што сум многу горд на овие проекти” – истакна Николоски во поткастот на пораталот Курир.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Левица: Породилниот надоместок повторно доцни – мајките оставени без пари
Николоски: Имаме најевтино гориво во регинот, мерките на Владата даваат конкретни резултати
Николоски: Над 70 % раст во авиосообраќајот споредено со Владата на Заев