Државната комисија за спречување на корупцијата ја информира јавноста дека е објавен Каталогот на подароци за избрани и именувани лица за 2025 година, во согласност со законските обврски и принципите на
транспарентност и отчетност во јавниот сектор.
Објавувањето на каталогот претставува значаен дел од системот на институционален интегритет, имајќи предвид дека пријавувањето на подароци е еден од клучните механизми за превенција од судир на интереси и за зајакнување на етичкото постапување на носителите на јавни функции.
Каталогот овозможува јавен увид во податоците за пријавените подароци и придонесува кон поголема отвореност на институциите, како и кон зајакнување на довербата на јавноста во нивното работење.
Државната комисија укажува дека навременото и целосно пријавување на подароци од страна на службените лица е важен показател за нивниот интегритет и одговорност, како и за доследна примена на законската
рамка.
Каталогот е јавно достапен на следниот линк:
https://podaroci.dksk.mk/gift-submission/public-figures?page=0&rowsPerPage=5
Оваа активност за информирање на јавноста ДКСК ја спроведува како дел од пошироките напори за јакнење на транспарентноста, интегритетот и спречувањето на корупцијата.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија
Божиновска со низа билатерални средби и пораки за забрзана транзиција на UNECE Resource Management Week
Шеикот Венко од Емиратите: Сепак претседателот на СДСМ има златна виза како менаџер и инвеститор во Обединетите Арапски Емирати