ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи трибина посветена на Гоце Делчев по повод 123 годишнината од неговата смрт.
“Ве известуваме дека денес (04.05.2026) во 17:00 часот ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи трибина на тема „Наследството на Гоце Делчев низ политичката призма за Македонија“, по повод одбележување на 123 години од загинувањето на македонскиот великан, Гоце Делчев.
Учесници ќе бидат:
• Драган Ковачки, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник;
• Ѓорѓија Сајкоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник;
• Иванка Василевска, професор на правниот факултет при УКИМ и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ;
• Иван Јорданов, градоначалник на Општина Штип;
• Ванчо Ѓорѓиев, професор на филозофскиот факултет при УКИМ.”
-стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ упатено до јавноста


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сали: 30 години партнерство со ЕУ – сега е време за резултати
Лимани: Со реформирање на паричната помош може драстично да се намали детската сиромаштија и подобри состојбата на пазарот на труд
Транспарентноста на одлуките е клуч за јавната доверба – конференција за институционалната отвореност на Советот на јавните обвинители