БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Најава за музички спектакл: Бојана подготвена за дружба со тетовската публика на настан кој долго се очекуваше

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во Домот на култура „Иљо Антевски Смок“ во Тетово се подготвува вистинско музичко доживување за сечиј вкус. Македонската поп артистка Бојана Скендеровски излегува на сцената со узика и убаво расположени да ги прегрне сите присутни на целовечерниот концерт кој подолго време го очекува тетовската публика. Веруваме дека истата ќе најде место во вашите медиуми и истовремено ви се заблагодаруваме за досегашната соработка.

По незаборавните музички вечери во Скопје и Штип, Бојана Скендеровски го продолжува концертниот караван и пристигнува во Тетово. На 22 мај, со почеток од 20 часот, сцената на Домот на културата „Иљо Антевски Смок“ ќе биде местото каде емоциите ќе пеат најгласно, под мотото „Глас што се чувствува, вечер што се памети“.

Публиката ќе има можност да ужива во вечер исполнета со музика, искрени емоции и песни што оставиле белег низ годините. Бојана подготвува концерт кој нема да биде само музички настап, туку блиска средба со публиката, вечер во која секоја песна носи своја приказна, а секој аплауз станува дел од едно заедничко доживување.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

После прекрасните дружби со публиката во Скопје и Штип, едвај чекам да запеам и со тетовската публика. Секој концерт носи посебна енергија, а верувам дека во Тетово нè очекува вечер исполнета со многу емоции, љубов и музика што долго ќе се памети“, вели Бојана.

Ова е трет концерт по ред во концертната серија на Бојана Скендеровски, која со секој нов настап потврдува дека вистинската музика најсилно се чувствува кога се споделува со публиката.

Картите по цена од 400 денари се достапни во Гранд Тобако – ТП Тетово. Бројот на места е ограничен.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace