БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, учествуваше на панел-дискусија на Универзитет Мајка Тереза

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, денес учествуваше на панел-дискусијата организирана на Универзитетот Мајка Тереза на тема „Институционална консолидација и законодавството за високото образование“.

Во своето обраќање, првиот заменик-претседател на Владата ја истакна важноста на институционалната консолидација и зајакнувањето на високото образование како клучен столб за развојот на општеството и перспективата на младите.

Тој нагласи дека правните пречки со кои се соочуваше Универзитетот Мајка Тереза веќе се надминати, вклучително и предизвиците поврзани со Статутот на Универзитетот, со што се отвора патот за понатамошен институционален развој, унапредување на квалитетот во образованието и зајакнување на улогата на универзитетот во општеството.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

„Нашата заложба како Влада останува цврста во поддршката на високото образование и развојот на образовната и научната инфраструктура, со цел создавање подобри услови за студентите и академскиот кадар, како и градење силни институции кои придонесуваат за развојот на државата и перспективата на нашите млади“, истакна Сали.

На панелот учествуваа институционални претставници, универзитетски професори и експерти од областа на високото образование, кои дискутираа за предизвиците и приоритетите за унапредување на универзитетскиот систем и зајакнување на институционалната автономија.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace