Реализирана е реконструкцијата на улица „Енгелсова“ во Берово, со што значително се подобруваат условите за сообраќај и секојдневно движење на граѓаните.
Со проектот се овозможува побезбедна и поквалитетна патна инфраструктура, подобар пристап за жителите и унапредување на урбаната уреденост во овој дел од градот.
Инвестицијата во вредност од 3.352.521 денари, обезбедена преку Министерството за транспорт, претставува значаен придонес кон модернизација на локалната инфраструктура и подобрување на квалитетот на живот во Берово.
Проекти за трајна промена – темели за сигурна иднина.
Извор: Влада на Р.М.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист