Европската комисија ја одобри новата транша во износ од 65,7 милиони евра за Република Македонија во рамките на Планот за раст за Западен Балкан и Механизмот за реформи и раст.
Оваа поддршка претставува силна потврда дека државата успешно ги спроведува реформите и ги реализира клучните приоритети во областа на дигитализацијата, образованието и институционалниот развој, во согласност со европските стандарди.
Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, ја поздрави одлуката на Европската комисија, истакнувајќи дека ова претставува важен сигнал на доверба и признание за реформската агенда на државата.
„Европската интеграција повеќе не е само политичка аспирација. Денес таа се претвора во конкретни инвестиции, поддршка и реални можности за нашите граѓани“, изјави министерот Сали.
Овие средства претставуваат дополнителен поттик за продолжување на реформите, зајакнување на институциите и забрзување на европскиот пат на државата.
Министерството за европски прашања останува целосно посветено на ефикасната координација на реформските процеси и обезбедување европската поддршка директно да се преточи во подобар животен стандард и повеќе можности за граѓаните.
Извор: Кабинет на министерот за европски прашања


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Сериозно работиме на брзата пруга, беа понудени 9 рути, ја прифативме најдобрата
Николоски: Тивко и со многу работа го затвoраме проблемот за македонските транспортери. Со Хрватска го решивме, при крај сме со Романија, ја почнавме постапката со Австрија
Лефков: Советот на јавни обвинители предводен од Башким Бесими, роднина на поранешниот функционер на ДУИ, Фатмир Бесими во одбрана на Абази и Коларевиќ за случајот „Мазут’’