БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

dm drogerie markt доби награда за општествена одговорност за платформата „Иднина која инспирира“ на настанот на „Убавина и здравје“

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Компанијата dm drogerie markt ја доби наградата за општествена одговорност за платформата Иднина која инспирира на свечениот настан организиран од магазинот „Убавина и здравје“, по повод одбележувањето на 18 години од неговото постоење. На настанот, на кој присуствуваа повеќе од 400 гости, беа доделени награди за компании, поединци и иницијативи што со своето делување придонесуваат кон создавање подобро и поодговорно општество. Во оваа категорија, dm беше препознаен за „Иднина која инспирира“, создадена со цел да ги поврзе луѓето, нивните идеи и конкретните потреби на заедницата.

Платформата претставува простор преку кој поединци можат да споделуваат лични приказни за својот општествен ангажман и на тој начин да инспирираат и други да се вклучат. Истовремено, здруженија, организации и институции имаат можност да пријавуваат проекти што обединуваат волонтери или отвораат простор за граѓанско учество.

– Во свет каде секоја минута значи, ние во dm веруваме дека највредниот ресурс што можеме да го дадеме е нашето време и енергија онаму каде што навистина е потребно затоа што само на тој начин можеме да создадеме подобра иднина. Токму од таа идеја произлезе и нашата општествено одговорна платформа „Иднина која инспирира“. Оваа награда е уште еден показател дека заедно можеме повеќе. Им благодарам на „Убавина и здравје“ што ја препознаа и ја поддржаа оваа идеја, како и на сите вас што заедно со нас ја градите иднината која инспирира. Затоа што вистинската промена започнува со храброста да се направи чекор напред и да се претворат идеите во дела – објаснува  Сандра Атанацковиќ Ѓурѓев, дел од маркетинг тимот на dm drogerie markt во Македонија.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Пријавувањето на лични приказни и проекти ќе трае до 31 јули 2026 година, а проектите што ќе добијат поддршка за нивна реализација од dm ќе бидат објавени од септември 2026 година. Поединци можат да споделуваат своите приказни за општествен ангажман на следниот линк и со тоа да инспирираат и други на вклучување, додека здруженија, организации и институции имаат можност да пријавуваат проекти на овој линк , што обединуваат волонтери или отвораат простор за граѓанско учество.

Како дел од настанот, dm беше присутен и со #скрозјас катче, каде што присутните имаа можност да се фотографираат и да добијат подароци, во духот на автентичноста, самодовербата и индивидуалноста што оваа иницијатива ги промовира.

Со признанието од „Убавина и здравје“, dm уште еднаш испрати јасна порака дека иднината не е нешто што се чека, туку нешто што се создава – низ мали, одговорни и искрени чекори, кои кога се прават заедно, добиваат вистинска сила.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace