Денеска во Охрид во рамки на официјалната посета на владата на Република Хрватска, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, оствари работна средба со заменик претседателот и министер за поморски работи, транспорт и инфраструктура, Олег Бутковиќ.
На билатералната средба се зборуваше за развој на транспротниот сообраќај во регионот, можностите за продлабочување на соработката во делот на железничкиот сообраќај, како и продлабочување на економската соработка помеѓу двете земји.
Николоски се заблагодари за поддршката во решавањето на проблемот со превозниците и професионалните возачи и се заблагодари за измените на Законот за работни визи кои веќе ги направи Република Хрватска кои се од огромно значење за нашите превозници.
На самата средба се разговараше за економската соработка помеѓу двете земји и можностите за засилена економска активност помеѓу двете држави.
Извор: Министерство за транспорт


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Тошковски – Рокас: Продолжува силната поддршка на ЕУ за реформите и јакнењето на капацитетите на МВР
Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот
ВМРО-ДПМНЕ со честитка по повод денешниот празник