БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Соопштение за националните установи од областа на културата за доставување нацрт-годишна програма за 2027 година

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Министерството за култура и туризам на Република Македонија на почетокот на овој месец го објави повикот за доставување на проекти за финансирање за наредната 2027 година што ќе ги реализираат националните установи во државата.

Во согласност со член 70 од Законот за културата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/2010, 47/2011, 51/2011, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15, 39/16, 11/18, и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 265/24 и 132/25), националните установи во јуни во тековната година за наредната година доставуваат до Министерството за култура и туризам нацрт-годишна програма за работа на установата.

Во нацрт-годишната програма се изразени средствата потребни за: програмски активности, оперативни трошоци на установата, плати и други надоместоци за вработените и за надворешните соработници кои ќе се ангажираат за остварување на програмата, материјалните трошоци и трошоците за инвестициско одржување, осигурување, адаптација и набавка на опрема за установата.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Нацрт-годишната програма содржи проекти со спецификација на трошоците по намени и активности.

Образецот за нацрт-годишната програма и обрасците за поединечните проекти по одделни дејности треба да се преземат од веб-локацијата на Министерството за култура и туризам (www.kultura.gov.mk), да се пополнат електронски со впишување податоци на означеното место и да се заверат со печат на установата и со потпис на овластеното лице. За секој поединечен проект се пополнува посебен образец од соодветната дејност.

Кон пополнетите обрасци, задолжително треба да се приложат бараните документи што се наведени во секој поединечен образец од соодветната дејност.

Со обрасците може да се достават и други документи/материјали за дообјаснување на проектите за кои установата цени дека е потребно да ги достави. Документите/материјалите доставени со обрасците не се враќаат.

За сите дополнителни информации во врска со обрасците, може да се обратите до Министерството за култура и туризам, до соодветното одделение.

Укажуваме дека нема да бидат разгледувани нецелосно пополнети и некомплетни обрасци – без приложени документи.

ЗАБЕЛЕШКА

Заради реализација на проектот „Скопје – европска престолнина на културата во 2028 година“, Министерството за култура и туризам им укажува на националните установи од областа на културата на територијата на Град Скопје во своите нацрт-програми да вклучат проекти за 2027 година со следниве карактеристики:

Проекти преку кои треба да се покаже европската димензија, односно соработка и учество во заеднички меѓународни проекти со земјите од Централна и од Југоисточна Европа, како и со земјите членки на Европската Унија во областа на културата.

Проектните програми треба да содржат активности што ќе ги поврзат локалната и европската култура, односно културната и уметничката програма треба да биде баланс меѓу традицијата, современата култура, иновативниот пристап и креативноста. Важно е во проектите да има активно учество на локалното население, пристапност за младите, за маргинализирани групи и за различните заедници преку образовни и волонтерски програми.

МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА И ТУРИЗАМ

Образец за Нацрт – годишна програма на националните установи за 2027 година

Образец за проекти од областа на визуелните уметности, архитектурата и дизајнот

Образец за проекти од областа на драмската дејност – продукција на професионална претстава

Образец за проект од областа на меѓународната дејност

Образец за проект од областа на драмската дејност – аматеризам

Образец за проект од областа на музичко – сценската дејност

Образец за манифестации и фестивали

Образец за проект од областа на фолклорот

Образец за списание

Образец за публикација

Образец за инвестиционо и тековно одржување на објектите и опремата во државна сопственост

Образец за проект од областа на европските интеграции

Образец за проекти од областа на заштитата на аудиовизуелните добра

Образец за проекти од областа на заштита на недвижното културно наследство

Образец за проекти од областа на библиотечната дејност

Образец за проекти од областа на музејската дејност и заштитата на нематеријалното културно наследство

Образец за проект од електронското издаваштво

-стои во сооптението упатено до јавноста од страна на Министерството за култура и туризам.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace