Заменик минитерот за економија Марјан Ристески беше дел од присутните државни функционери на чинот на уштање во употреба на новата фабрика на компанијата Макпрогрес- Винчини, од каде упати своја порака за важноста на оваа инвестиција како за локалната така и за регионалната економија.
“…Присуствував на свеченото пуштање во употреба новата фабрика на Макпрогрес за кондиторски производи во рамки на брендот „Винчини“. Станува збор за инвестиција вредна 8,5 милиони евра, ќе отвори 40 нови работни места веднаш и 40 дополнителни вработувања наредната година.
Во рамки на посетата, заедно со Претседателот на Владата Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николоски остваривме работен состанок со менаџерскиот тим на компанијата, на кој разговаравме за тековните економски состојби, извозните резултати, инвестициските активности и идните развојни планови на компанијата.
Оваа инвестиција е одлична вест за Република Македонија, Виница и за целиот регион, бидејќи создава нови можности, нови работни места, како и посилен локален економски развој.
Како Влада, остануваме посветени на создавање поволна деловна клима и поддршка за сите што вложуваат во нашиот економски раст.”
-напиша на социјалните мрежи /марјан Ристески- Заменик министер за економија

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
ПОВИК ЗА МЛАДИ: БЕСПЛАТНО УЧЕСТВО НА CASSINI SPACE CAMP