На врвот Кадиица на планината Влаина, на надморска височина од 1.932 метри, денес беше поставен крст со висина од 3,20 метри. Оваа иницијатива е реализирана благодарение на поддршката од општествено одговорна компанија, во соработка со Општина Пехчево и група ентузијасти од Пехчево кои активно учествуваа во транспортот и поставувањето на крстот на самиот врв.
Акцијата претставува симбол на заедништво, посветеност и грижа за духовните и традиционалните вредности на регионот. Поради непристапниот терен и високата надморска височина, транспортот и монтажата на крстот бараа значителен ангажман и координација меѓу сите вклучени страни.
Градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански, упати благодарност до сите учесници во реализацијата на проектот.
„Поставувањето на крстот на врвот Кадиица е уште еден доказ дека кога институциите, општествено одговорните компании и граѓаните работат заедно, можат да се реализираат значајни проекти од интерес за локалната заедница. Искрено им благодарам на сите ентузијасти кои несебично го вложија својот труд и време за успешно да се реализира оваа иницијатива. Верувам дека крстот ќе биде препознатлив симбол на Влаина и место кое ќе ги обединува посетителите и љубителите на планината“, изјави Китански.
Со поставувањето на крстот, врвот Кадиица добива ново обележје кое ќе претставува духовен и туристички симбол на Пехчево и Малешевскиот регион

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево