БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Макпрогрес отвори нова фабрика во Виница со што станува регионален гигант

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во присуство на Македонскиот Премиер и министри и функционери во владата денеска во Виница беше пуштена во употреба новата фабрика на компанијата Макпрогрес (Винчини).

Од Виница Премиерот Мицкоски упати свои пораки за поддршка на ваквите приватни иницијативи кои носат голема додадена вредност за државата но и вработуваат голем број на граѓани и тоа со релативно високи примања.

“Денеска бев во работна посета на компанијата „Макпрогрес“ во Виница, по повод отворањето на новата фабрика за кондиторски производи- фабрика во рамки на брендот „Винчини“.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во рамки на посетата остварив работен состанок со менаџерскиот тим на компанијата, на кој разговаравме за тековните економски состојби, извозните резултати, инвестициските активности и идните развојни планови на компанијата.

Исклучително сум импресиониран за тоа што од еден скромен семеен бизнис „Винчини“, односно „Макрпогрес“ во случајов, прераснува во, би рекол, регионален гигант. Со промет од повеќе од 40 милиони евра, компанијата навистина претставува еден од фундаментите, од темелите на македонската кондиторска индустрија.

Ние како Влада се разбира ќе сториме сè што можеме за да помагаме ваков тип на бизниси, бидејќи околу 80-тина проценти од вкупното производство е практично производство наменето за извоз”

-напиша на социјалните мреи Претседателот на Владата Христијан Мицкоски.

Креирано од:


Пренеси го гласот