БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Филипче помеѓу земјоделците во Босилово: Тотална негрижа на Владата на Мицкоски.

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

🎙️ Денеска сме во посета во земјоделскиот регион на Босилово, на средба со земјоделците. Како што тоа вообичаено го слушаме целиот изминат период, веќе повеќе од една година од буквално сите земјоделци во земјава од сите региони, дека секој еден сектор во земјоделството е соочен со големи проблеми и предизвици, така и денес луѓето кои што произведуваат и одгледуваат раноградинарски култури, јачмен, зелка, цвекло, сите се соочени со истите проблеми.

Нема исплата на субвенции и многу екстремно ниски откупни цена. Ова е само уште еден знак за тоталната негрижа на Владата за секторот земјоделство. Вкупната сума на субвенции е намалена. Укинати се парите од ИПАРД програмите од Европската Унија, затоа што се фатени претставници на власта во директна корупција.

Едноставно наместо да се даде поддршка на луѓето кои што ја хранат земјата, наместо да се даде поддршка на луѓето кои што може да го зајакнат секторот земјоделство и да бидеме главни извозници на храна и да го храниме целиот регион, ние сме соочени да целиот сектор земјоделство во државата изумира.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Земјоделците нема да работат повеќе поради тоа што никој не води грижа за нивните големи трошоци кои се екстремно високи, за нивните ниски откупни цени, едноставно луѓето не можат да преживеат.

И каков врв на лицемерие токму денеска во Струмица, во овој регион, ВМРО организираната криминална група слави роденден. Гледам дека се фалат со некој слоган „Македонија забрзува“, може да им го честитам роденденот со тоа што Македонија забрзува со нив единствено кон пропаст.

Креирано од:


Пренеси го гласот