Граѓаните и посетителите од сега можат да се поврзат на бесплатен јавен Wi-Fi на следната локација:
Училишниот двор пред СОУ Миле Јаневски – Џингар
WiFi мрежата е поставена во рамки на иницијативата WiFi4WB, финансирана од Европската Унија и Владата на Сојузна Република Германија, а се спроведува од GIZ како дел од проектот EU4Digital.
Целта на иницијативата е да се овозможи бесплатен јавен интернет низ Македонија и Западен Балкан. Нашата општина ќе биде една од 500 во регионот кои ќе добијат WiFi4WB мрежа, по примерот на EU програмата WiFi4EU, која обезбеди бесплатен јавен интернет на 7.000 локации низ Европската Унија.
Сите граѓани и посетители можат да се поврзат бесплатно и да користат сигурна интернет врска.
Со оваа поддршка, Македонска Каменица продолжува да ги унапредува јавните услуги и\ да ја зајакнува дигиталната поврзаност на локалната заедница.
#WiFi4WB #EU4Digital #TeamEurope

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
ПОВИК ЗА МЛАДИ: БЕСПЛАТНО УЧЕСТВО НА CASSINI SPACE CAMP
Делчево- единствената општина од регионот која го доби престижното признание “Младински пријателски град”