БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

„Пешачењето е здравје“: КК „Партизан“ со промоција на физичката активност и на карате-вештините во Кочани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во организација на Општина Кочани и Карате клубот „Партизан“, под мотото „Пешачењето е здравје“, утрово беше реализирана рекреативна прошетка од Градскиот плоштад до Гоцева Шума.

Во прошетката се вклучија граѓани на различна возраст, поддржувачи на здравиот живот и рекреативци, членови на граѓански организации. На љубителите на пешачењето им се придружи и градоначалникот Владко Грозданов.

На локалитетот Гоцева Шума каратистите презентираа дел од нивните вештини и ги најавија претстојните активности. Каратистот Јован Арсов следната недела, во Пореч, Република Хрватска, ќе настапи на натпреварите од Светската младинска лига, во категоријата јуниори, над 76 кг. Од средината на јули, КК „Партизан“ ги почнува подготовките за новата полусезона и за Државното првенство за кадети јуниори и У21, што ќе се одржи на почетокот на септември.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Со наградите што ги освојуваат, кочанските каратисти се меѓу најнаградуваните спортисти и се одлични репрезенти на Кочани на домашно и на меѓународно ниво.

Паузата во пешачењето, присутните ја искористија за учество во вежби за тимска работа, што ги приредија извидници од ИО „Никола Карев“ од Кочани.

Креирано од:


Пренеси го гласот