БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Манасиевски: СДС и Левица здружено со десетици илјади амандмани го блокираат Изборниот законик, кој претходно со месеци го договараа

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски денеска на прес конференција од партиското седиште ја алармираше јавноста за постапките на опозициските Левица и СДСМ за блокада на процесот за донесувањето на Изборниот законик.

“СДС и Левица здружено со десетици илјади амандмани го блокираат Изборниот законик, кој претходно со месеци го договараа.

Катастрофалниот резултат кој ќе го имаат и СДС и Левица на следните избори, како и успехот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во делот на реализација на Реформската агенда и повлекување на средствата од Планот за раст, го вклучи алармот во двете партии и се здружија заедно во блокирање на реформскиот закон односно Изборниот законик.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Иако Законот беше усогласен со сите забелешки од страна на ОБСЕ и ОДИХР, барањата на СДС и Левица не се суштински, туку имаат за цел да направат штета на Македонија во делот на исполнување на Реформската агенда.

Врз основа на тоа, јасно укажавме дека оваа коалиција на Филипче и Апасиев, да поднесат амандмани за корекција на начинот на заокружување на гласачкото ливче, да поднесат амандмани за процесот за поднесување на приговори, да ги повлечат другите демагошки амандмани кои ги поднесоа и заедно сите политички чинители во консензус да го донесеме Изборниот законик.

Единствено што бараме и тоа е нашта црвена линија и беше прифатено, тоа е нашата македонска дијаспора на следните претседателски избори да гласа по електронски пат.

Почитувани граѓани,

Нема да дозволиме СДС и Левица на чело со Филипче и Апасиев, да си создаваат алиби за дебаклот што ги чека на следните избори.

ВМРО-ДПМНЕ не работи по стапките на СДС, во чии редови очигледно им работи Фројд. Тоа што тие би го направиле, нам ни на мисли не ни поминува.”

-рече денеска од партиската говорница во прес центарот на ВМРО-ДПМНЕ портпаролот Манасиевски

Креирано од:


Пренеси го гласот