БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Поставени седум контејнери за селекција на електронски отпад во Кочани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

По договорот склучен помеѓу Општина Кочани и Друштвото за управување со отпад „Нула отпад“, како еден од колективните постапувачи во Македонија, во Кочани пристигнаа седум контејнери за електронски отпад.

Целта е електронскиот отпад да не се исфрла на депониите, каде што тешко се разградува. Контејнерите се лоцирани во основните и во средните училишта во Кочани и се наменети за сите граѓани што сакаат да депонираат ваков тип отпад, а локациите се избрани со цел учениците од најрана возраст да стекнуваат навики за селектирање и правилно депонирање на електронскиот отпад.

Откако ќе се наполнат контејнерите, Друштвото за управување со отпад „Нула отпад“ ќе ги празни, за тој да продолжи на натамошен третман.Според законите за управување со отпад, општините како клучен столб во системот за управување со отпадот имаат задача да воспостават собирни центри и контејнери за електронски отпад. За таа цел Општина Кочани ги повикува граѓаните да го селектираат  електронскиот отпад совесно користејќи ги соодветните контејнери.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот