БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Преку форумски сесии општина Македонска Каменица ќе утврдува приоритетни проекти за реализација за граѓаните

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во рамки на реализацијата на проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“ општина Македонска Каменица ќе ги утврдува приоритетните проекти за реализација во интерес на локалната заедница.

Ово проект меѓу другите активности подразбира и реализација на јавни форумски сесии преку кои што граѓаните ќе ги изнесат своите потреби и низ инклузвен и транспарентен процес ќе ги утврда приоритетите за реализација на наредниот период.

Првата форумска сесија ќе се одржи на 8 јули 2026 година со почеток во 09.30 часот во спортската сала во рамки на СОУ “Миле Јаневски Џингар”.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во врска со овој настан од општина Македонска КАменица упатија свое соопштение во јавноста чиј текст го пренесуваме во целост во продолжение:

Општина Македонска Каменица доби можност да биде дел од проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“, во чии рамки ќе организира Форуми на заедницата, како демократска алатка преку која ќе се слушнат мислењата, идеите и предлозите на граѓаните.

Од форумскиот процес очекуваме токму вие да предложите и да ги изберете проектите што сметате дека се најважни за нашата заедница. За нивна реализација е предвиден фонд од 15.000 американски долари (УСД). Средствата се обезбедени преку програмата „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“, финансирана од Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа, а кофинансирана и спроведувана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во соработка со национални и локални партнери.

Општина Македонска Каменица, како дел од оваа програма, ќе учествува со дополнително кофинансирање во износ од 15.000 американски долари (УСД).

Ги покануваме сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на првата форумска сесија, која ќе се одржи во среда, 8 јули 2026 година, со почеток во 09:30 часот, во Спортската сала зад СОУ „Миле Јаневски-Џингар“ во Македонска Каменица.

Вашите идеи, предлози и размислувања се од големо значење за идниот развој на нашата општина. Ве очекуваме заедно да креираме проекти што ќе придонесат за подобар живот на сите граѓани.

Дневен ред за прва форумска сесија од проектен форум во Општина Македонска Каменица.

-стои во сооштението на општина Македонска Каменица.

Креирано од:


Пренеси го гласот