Во рамки на реализацијата на проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“ општина Македонска Каменица ќе ги утврдува приоритетните проекти за реализација во интерес на локалната заедница.
Ово проект меѓу другите активности подразбира и реализација на јавни форумски сесии преку кои што граѓаните ќе ги изнесат своите потреби и низ инклузвен и транспарентен процес ќе ги утврда приоритетите за реализација на наредниот период.
Првата форумска сесија ќе се одржи на 8 јули 2026 година со почеток во 09.30 часот во спортската сала во рамки на СОУ “Миле Јаневски Џингар”.
Во врска со овој настан од општина Македонска КАменица упатија свое соопштение во јавноста чиј текст го пренесуваме во целост во продолжение:
Општина Македонска Каменица доби можност да биде дел од проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“, во чии рамки ќе организира Форуми на заедницата, како демократска алатка преку која ќе се слушнат мислењата, идеите и предлозите на граѓаните.
Од форумскиот процес очекуваме токму вие да предложите и да ги изберете проектите што сметате дека се најважни за нашата заедница. За нивна реализација е предвиден фонд од 15.000 американски долари (УСД). Средствата се обезбедени преку програмата „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“, финансирана од Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа, а кофинансирана и спроведувана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во соработка со национални и локални партнери.
Општина Македонска Каменица, како дел од оваа програма, ќе учествува со дополнително кофинансирање во износ од 15.000 американски долари (УСД).
Ги покануваме сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на првата форумска сесија, која ќе се одржи во среда, 8 јули 2026 година, со почеток во 09:30 часот, во Спортската сала зад СОУ „Миле Јаневски-Џингар“ во Македонска Каменица.
Вашите идеи, предлози и размислувања се од големо значење за идниот развој на нашата општина. Ве очекуваме заедно да креираме проекти што ќе придонесат за подобар живот на сите граѓани.
Дневен ред за прва форумска сесија од проектен форум во Општина Македонска Каменица.
-стои во сооштението на општина Македонска Каменица.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево