Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Д.П.(39) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“. На место викано „Ормане“ во атар на Берово, полициски службеници извршиле претрес на помошен објект, сопственост на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени ловечка пушка „бајкал“ калибар 16 мм, ловечка муниција, куршуми и разновидни пиротехнички средства.
Полицијата пронајде арсенал на оружје во помошен објект во беровско

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Здружението на пензионери – Кочани одбележа 54 години од основањето
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!