БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Обраќање на Македонската претседателка на Амбасадорскиот совет 2026

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Претседателката на Република МАкедонија Гордана Сиљановска Давкова имаше свое забележително обрачање на Амбасадорскиот совет 2026 гој што се одржува во Скопје.

Во својот говор пред амбасадорите во Република Македонија Претседателката Сиљановска-Давкова зборуваше за глобалните и регионалните безбедносни предизвици и улогата на Македонија во меѓународната безбедносна стабилност.

“Денеска се обратив на Амбасадорскиот совет каде укажав дека амбасадорите се сликата за државата во регионалното, европското и светско огледало, па нивната стручност, компетентност, познавања за земјата-домаќин и способност да ги застапуваат националните интереси се суштински за кредибилитетот на македонската дипломатија.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во новата мултиполарна реалност мора да ја зајакнеме проактивната дипломатија, водени од јасен национален, натпартиски надворешнополитички компас.

За мене, амбасадорот не е само претставник кој ги застапува политиките на државата, туку и човек кој треба да го разбира светот на домаќинот, да ги препознава промените, да ги детектира ризиците, но и да создава можности за политичка, економска, научна и културна соработка.

Во време на големи геополитички пресврти нам ни и е потребна дипломатија која е истовремено принципиелна и прагматична, втемелена во вредности, но отворена кон новите реалности, дипломатија што не е само гласник на државната политика, туку нејзин компетентен инструмент, способен да го застапува националниот интерес со знаење и достоинство.”

-напиша на социјалните мрежи Македонската Претседателка Гордана Сиљановска-Давкова во врска со нејзиното учество во настанот пред пред амбасадорите во Скопје.

Креирано од:


Пренеси го гласот