Главниот настан за оодбележувањето на 25 години од формирањето на Единицата за брзо распоредување на МВР ќе се одржи утре, сабота (22.08.2026), со почеток во 18:00 часот, пред Офицерскиот дом во Битола.
На настанот ќе се обратат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и командантот на Единицата за брзо распоредување, Стојанче Николов.
Во рамки на одбележувањето ќе биде изведена тактичко-показна вежба, во која припадниците на Единицата ќе ги презентираат своите вештини, како и изложба на опрема која ја користи Единицата за брзо распоредување.
На настанот се поканети претставниците на медиумите да присуствуваат и да го проследат настанот.
Медиумските екипи се замолуваат да пристигнат на локацијата најдоцна до 17:40 часот.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
dm повторно го отвора еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ – пријавете го вашиот двор за раззеленување!
Министерството за здравство и СЗО организираа национална консултација за новиот Закон за лекови
Тошковски: По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функција