Градоначалничката на општина Македонска Каменица Соња Стаменкова денеска во свое соопштение во јавноста ја пренесе информацијата дека е распишан оглас за јавна набавка преку електронскиот систем на бирото за јавни набавки за избор на најповолен понудувач за изградба на нова атмосферска канализација долж улицата “Македонска” во градот.
“Продолжуваме со инфраструктурните проекти за подобрување на условите за живеење во Македонска Каменица.
Општина Македонска Каменица распиша јавна набавка за изградба на атмосферска канализација на улица „Македонска“, со вредност од 3 милиони денари.
Со реализацијата на проектот ќе се решава одведувањето на атмосферските води, а по завршувањето на овие активности ќе следува реконструкција и асфалтирање на улицата.
На овој начин, работите ги планираме по правилен редослед – најпрво подземната инфраструктура, а потоа целосно уредување на коловозот.
Продолжуваме со реализација на инфраструктурни проекти согласно потребите на граѓаните и приоритетите на Македонска Каменица.”
-напиша на социјалните мрежи градоначалничката на Македонска Каменица Соња Стаменкова во врска со овој проект.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Лишена од слобода 24 годишна жителка на Крива Паланка затоа што го нападнала својот сопруг со остар предмет
Голем успех за Македонија на светскиот избор Miss & Mister Planet 2026 во Грузија
Николоски: Преку 100 милиони денари инвестиции во инфраструктурата во Валандово. Ќе се реконструира и регионалниот пат Струмица -Валандово