Денес, на предлог на Градоначалникот Митко Костадиновски до Советот на Општина Виница донесе одлука со која ја зголемува финансиска поддршка, која општината до сега ја даваше на семејствата кои имаат запишано првооделенче.
Поддршката за секое првооделенче запишано во основните општински училишта на територијата на Општина Виница ја зголемивме од 3.000 на 5.000 денари.
Исто така оваа година ги зголемивме и наградите за учениците и нивните ментори за освоени места на државни натпревари од 2.000 денари на:
5.000 денари за прво место
4.000 денари за второ место
3.000 денари за трето место
А, за првпат во историјата на Општина Виница, воведовме и финансиска поддршка за секое новороденче во износ од 6.000 денари.
Оваа мерка веќе дава резултати – за околу 8 месеци се поднесени 45 барања за новороденчиња и исплатени се 270.000 денари.
Продолжуваме со конкретни мерки и реална поддршка за децата, младите и семејствата во нашата општина. ![]()
Виница – општина која вложува во иднината!

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Здружението на пензионери – Кочани одбележа 54 години од основањето
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!