По повод Денот на независноста на Република Македонија – 8 Септември, ја пренесуваме интегрално честитката за пошироката јавност на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска:
35 ГОДИНИ НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА – СЛОБОДНА, СИЛНА И ЕНЕРГЕТСКИ САМОСТОЈНА!
Денес, со гордост и длабок почит го одбележуваме 35 години од денот кога македонскиот народ со непоколеблива волја ги стави темелите на суверена и самостојна Република Македонија. Наша обврска и неуморна задача за да изградиме држава во која идните генерации ќе живеат достоинствено е да го трансформираме енергетскиот систем.
Како министерка за енергетика, рударство и минерални суровини, мојата лична и политичка заложба е јасна: Нема вистинска државна независност без енергетска независност. Не можеме да говориме за силен суверенитет додека зависиме од туѓи енергетски кризи и увоз.
Македонија има потенцијал и знаење за сами да ја управуваме нашата енергетска иднина! Нашата татковина заслужува да биде силна, економски стабилна и енергетски самостојна. Тоа е нашата борба денес, тоа е новиот генерациски завет за Македонија.
Честит 8 Септември, Денот на независноста!
Да ни е вечна, силна и горда Македонија!

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист