БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Настан за одбележување на “Месеци на практикантството”

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

По повод завршувањето на проектот „Месеци на практикантство“, денеска 16 септември 2026 година во просториите на оопштина Гази Баба со почеток во 12.00 часот ќе се одржи настан за одбележување на “Месеци на практикантството”. На завршниот настан, ќе се обратат:

  • Бобан Стефковски, градоначалник на Општина Гази Баба
  • Даниела Димовска, директорка на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА

Во рамки на настанот ќе се одржи разговор со студентите кои ја реализираа практичната работа во своите матични општини, како дел од иницијативата реализирана во соработка со ИНОВА и Министерството за локална самоуправа.

Преку практикантството, студентите имаа можност да стекнат директно работно искуство, да се запознаат со функционирањето на локалната самоуправа и да ги применат своите знаења во реална работна средина.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

На завршниот настан ќе бидат споделени нивните искуства и впечатоци, како и значењето на практикантството за нивниот професионален развој и идното вклучување на младите во локалната заедница.

Креирано од:


Пренеси го гласот