Работиме на подобрување на условите за водоснабдување во повеќе населени места, затоа што обезбедувањето услови за нормален и достоинствен живот на граѓаните е наш приоритет.
По добиените незадоволителни резултати од анализата на водата за пиење во село Трстија, веднаш интервениравме и извршивме целосна реконструкција на водоводниот зафат. Стариот систем, кој беше речиси целосно нефункционален, е обновен. Поставени се прстени и дренажа, а водата од изворите е спроведена низ таложници кои целосно беа испрани и исчистени, со што се создадоа услови за соодветно филтрирање и безбедно користење на водата.
Истовремено, од водоводната линија во маало Маринци до бунарот во маало Беловци поставивме и приклучивме полиетиленско црево во должина од 2 километри. Со ова се обезбедија дополнителни количини вода и се нормализира водоснабдувањето во маалата Беловци и Петревци во село Грљани.
Средствата за реализација на овие зафати, кои се од исклучителна важност за месното население, се обезбедени од Буџетот на Општина Виница.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ДЕЛЧЕВО ДОБИВА СОВРЕМЕНА СПОРТСКА САЛА!
Делчево: кадар, мамограф и нови возила за Брза помош
65 годишен жител на Македонска Каменица лишен од слобода затоа што се заканувал на својата 57 годишна сопруга